Берген е најврнежливиот град во Европа
Интернет-пребарувачот за изнајмување сместувачки капацитети, „Холид“, користејќи ги податоците од апликацијата „Ворлд ведер онлајн“, ги анализираше најврнежливите градови во Европа.
Така, вториот по големина град во Норвешка – Берген, со просек од 12,7 врнежливи денови месечно и 8,8 милиметри врнежи дневно, е најврнежливиот град во Европа. Но, Норвежаните не се плашат од дожд… Тие, всушност, не го гледаат тоа како лошо време, туку велат дека има само „лошо облечени луѓе“, пренесува хрватскиот портал „Пункуфер“. Напротив, тамошните власти ги охрабруваат сите заинтересирани да го посетат Берген, без разлика на временската прогноза – поради прекрасните паркови, музеи, галерии, но и фјордовите во близина.
Зошто толку многу дожд во Берген? Градот има специфична географска местоположба. Се наоѓа на југозападниот дел на Норвешка, на брегот на Северното Море и е опкружен со седум планини. Сѐ тоа го прави местото подложно на долги и обилни врнежи.
Најдолгото континуирано дождливо време во Берген е забележано на крајот на 2006. и почетокот на 2007 година. Тогаш врнело дожд 85 дена по ред – од 29 октомври до 21 јануари.
Најдолга сезона на дождови во Берген во летните месеци е забележана во 1952 година, кога дождот паѓал непрекинато од 1 до 24 јуни. Инаку, во овој скандинавски град, најмалку дожд има обично во јуни, а најмногу во октомври. Просечната температура налето се движи од 9,9 до 20,7 Целзиусови степени – со тоа што јули е најтоплиот месец.
Во текот на зимата вообичаено има силен ветер, некаде снег и просечни температури од -4,9 до -0,1 Целзиусов степен. Ако имате можност да го посетите Берген, советот вели: искористете ја. Но, не заборавајте да понесете чадор.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат