-->
-->
Бердих последен четвртфиналист на Вимблдон
-->
Чехот Томаш Бердих е последниот кој обезбеди пласман во 1/4 финалето на Вимблдон. Бердих кој е 10-носител на Гренд слемот во Лондон, попладнево во меч од 4.коло со 3-2 во сетови (4-6, 7-6, 6-3, 3-6 и 6-3), го победи сонародникот Јири Весели, па за противник во четвртфиналето ќе го има Лукас Пулие од Франција.
Најинтересен четврфинален дуелот се очекува да биде оној меѓу (2-носител) и миленик на домашната публика Енди Мареј и Французинот, Жо-Вилфред Цонга.
3-то рангираниот на Вимблдон, Роџер Федерер (Швајцарија) за противник ќе го има Марин Чилиќ од Хрватска, додека Милош Раониќ од Канада ќе игра против Американецот, Сем Квери.
Четвртфиналните мечеви во машка конкуренција ќе се играат утре
Денеска се играат 1/4-финалните натпревари во женска конкуренција, а двојките се:
Во женска конкуренција, двојките за четвртфиналето се:
(1-носителка) Серена Вилијамс, САД – (21) Анастасија Павличенкова, Русија
(5) Симона Халеп, Романија – (4) Анџелик Кербер, Германија
(8) Венус Вилијамс, САД – Јарослава Шведова, Казахстан
(19) Доминика Цибулкова, Словачка – Елена Веснина, Русија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Река“ кај Бит Пазар | ВИДЕО
-
Падната ограда од надвозник врз автомобили во Автокоманда
-
Поплавени 50тина куќи, пожарникарите бараат исклучување на струјата во Тетово
-
ЦУК: Над 200 пријави за оштетени возила на автопатот Скопје - Тетово
-
Невремето во Скопје предизвика прекин на електричната енергија во Собранието
-
Почина 8-месечно бебе на пат од Прилеп кон Скопје, тежело само три килограми
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повтори основните заложби на новата влада, СДСМ изрази сомнеж дека ветеното ќе се реализира
-
Продолжи собраниската седница за избор на новата влада