Бербок: Не смееме повеќе да губиме време на Западен Балкан

Не смееме повеќе да губиме време во интеграцијата и зближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Според неа, „не смее да има простор на Балканот што може да го пополни Русија или други актери“.
„Во побрзото поврзување на земјите од регионот со ЕУ не се работи само за нашиот геополитички кредибилитет“, истакна таа по средбата со нејзината словенечка колешка Тања Фајон.
Таа додаде дека освен Русија, за посилно влијание врз земјите од Западен Балкан се бори и Кина.
„Западен Балкан географски е во центарот на Европската унија. И луѓето од Западен Балкан конечно мораме да ги внесеме во нашиот политички центар“, рече Бербок.
Според неа, ЕУ одамна требаше да ги исполни своите ветувања во однос на пристапните преговори со земјите од регионот, особено во однос на отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија.
„Тоа е во наш стратешки интерес и исто така е прашање на нашата сигурност“, рече германската министерка.
Земјите од Западен Балкан ги вклучуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.
Во тој контекст, Бербок посочи дека во четвртокот, на последниот ден од шестмесечното претседавање со ЕУ, Франција предложила компромис кој треба да овозможи преговори со Скопје и Тирана. Според неа, францускиот предлог е „единствена можност“. „Конечно мораме заедно да го направиме тој чекор“, рече Бербок.
Таа смета дека ЕУ доколку не ги исполни ветувањата, другите ќе го пополнат просторот во регионот, а многу млади луѓе кои сакаат „заедничка европска куќа“ ќе бидат разочарани.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
