Бербок: Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера во украинското црноморско пристаниште Одеса изјави дека Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина.
– Се разбира, сè што даваме во однос на воената поддршка е премалку, рече таа на прес-конференција по ненајавената посета на Украина.
Таа додаде дека постојано, особено во текот на изминатата година, се размислува за прашањето како да се испорача повеќе, вклучително и системи за оружје со долг дострел.
– „Сосема е разбирливо што луѓето во Украина велат дека ни треба повеќе од се, рече Бербок на собир на кој присуствуваше и нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба.
Украинските лидери бараат од западните колеги да им испорачаат нови системи за оружје, пред се ракети со поголем дострел за гаѓање зад руските линии, како што се американските ATACMS и германските крстосувачки ракети Таурус.
Германските пратеници во четвртокот одобрија понатамошна воена поддршка за Украина, вклучително и системи со долг дострел, но го отфрлија повикот на опозицијата на Киев да му се испорача Таурус.
Германските власти изразија загриженост дека ракетите би можеле да ја ескалираат војната на руска територија и да се сметаат за подиректно германско учество во конфликтот.
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
