-->
-->
Бентеке на лекарски прегледи
-->
Напаѓачот на Ливерпул Кристијан Бентеке, последниот натпревар од Премиер лигата против Норвич на домашен терен не го доигра поради повреда. Тој на полувремето беше заменет со Дени Ингс (стрелец на голот за Ливерпул) поради повреда на бутниот мускул.
По денешниот детален преглед ќе биде позната тежината на повредата и евентуалното отсуство на Бентеке од теренот. Напаѓачот ќе го пропушти утрешниот натпревар од Лига купот, а веќе во сабота Ливерпул има дуел со поранешниот тим на Бентеке, Астон Вила, најверојатно и на тој натпревар нема да игра.
Како за утеха за тимот на Брендан Роџерс е враќањето на Даниел Стариџ во тимот по повредата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО