Бенкси уништи негова слика вредна 1,3 милиони долари
Британскиот уличен уметник Бенкси ја шокираше светската јавност, откако неговото дело „Девојка со балон“ беше уништено со помош на механизам за сечење вграден во долната рамка на сликата.
Иако платното „Девојка со балон“ беше проценето на 350.000 долари, тоа на аукцијата во „Сотби“ во Лондон достигна цена од 1,36 милиони долари.
Меѓутоа, присутните на аукцијата по завршувањето на продажбата не можеа ни да препостават што ги очекува и останаа шокирани кога платното помина низ механизмот за сечење скриен во рамката.
- Бенкси не насамари. Досега не сме имале вакво искуство, сликата сама да се уништи откако ќе постигне рекордна цена, изјави Алекс Бранчик еден од директорите во „Сотби“.
Овој потфат е внимателно планиран за што говори и фактот дека Бенкси на социјалните мрежи веднаш објави фотографија со исеченото платно.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп