Џет-Сет
7. July 2015 - 16:00

Бен Афлек гради сопствено катче во семејната куќа

Иако официјално соопштија дека се разведуваат, актерите Бен Афлек и Џенифер Гарнер се уште живеат под ист покрив во куќата во Пацифик Палисадес во Калифорнија.

Како што објави „Лајф енд Стајл“, Бен веројатно нема ни намера да се исели од куќата, бидејќи почнал да гради свое катче во неа.

- Бен почна да адаптира дел од куќата, каде ќе има целосна приватност и каде ќе се наоѓа неговата спална соба. Џенифер така нема да може да тврди на суд, дека тој не е присутен во животот на нивните деца. Не ја ни праша кога почна да го гради тој дел, открил неименуван извор близок до двојката.

- Тие останаа во добри односи, иако и на двајцата не им одговараат ваквите услови. Сепак, сакаат да се разделат што помирно. Луѓето мислат дека постојано се караат, но тоа не е така, додава истиот извор