Бен Афлек гради сопствено катче во семејната куќа

Иако официјално соопштија дека се разведуваат, актерите Бен Афлек и Џенифер Гарнер се уште живеат под ист покрив во куќата во Пацифик Палисадес во Калифорнија.
Како што објави „Лајф енд Стајл“, Бен веројатно нема ни намера да се исели од куќата, бидејќи почнал да гради свое катче во неа.
- Бен почна да адаптира дел од куќата, каде ќе има целосна приватност и каде ќе се наоѓа неговата спална соба. Џенифер така нема да може да тврди на суд, дека тој не е присутен во животот на нивните деца. Не ја ни праша кога почна да го гради тој дел, открил неименуван извор близок до двојката.
- Тие останаа во добри односи, иако и на двајцата не им одговараат ваквите услови. Сепак, сакаат да се разделат што помирно. Луѓето мислат дека постојано се караат, но тоа не е така, додава истиот извор
Ново на Сител
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
