Белји: Осудуваме акти на насилство и закани врз новинари

Осудуваме акти на насилство и закани врз новинари, во една демократија нема место за вакви нешта, кои ја попречуваат борбата за слобода на изразување и слободата на медиумите.
Ова денеска го изјави американскиот амбасадор Џес Бејли на новинарско прашање за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа.
- Понекогаш гледате до каде можат да одат работите, имајќи ги предвид неодаменшните немили настани во Словачка. Тоа е нешто што треба да загрижува и тука во Македонија, но и во целиот свет. Истовремено првичните инцидентите кои доведоа до оваа ситуација многу кажуваат за состојбата на неказнивост и многу е важно лидерите да се придржуваат до високи стандарди во поглед на владеењето на правото, рече Бејли.
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
