Фудбал
8. December 2024 - 14:18

Белингем нема сериозна повреда, ќе игра против Аталанта

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата во натпреварот од 16. коло од шпанското првенство против Џирона (3:0), проговори за состојбата на играчот од средниот ред Џуд Белингам.

Дваесет и едногодишниот Англичанец, кој го отвори резултатот на синоќешниот натпревар, се повреди и беше заменет во 61. минута.

- Џуд е добро. Ќе излезе на теренот на мечот со Аталанта, ништо сериозно, ги цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Анчелоти.

Оваа сезона Белингем одигра 17 натпревари, постигна четири гола и пет асистенции.