„Белградска зима“ ќе чини над 800.000 евра

На први декември во Белград почнува традиционалната новогодишна манифестација, која ќе трае до крајот на јануари и која годинава ќе чини над 800.000 евра.
Во 2014. дочекот на белградските плоштади чинел околу 35 илјади евра, во 2015 - 68,5 илјади евра, во 2016. биле издвоени 183.000 евра, а дочекот на минатата година белграѓани ги чинел околу 410.000 евра, објави Н1.
Годинава ќе бидат издвоени рекордни 830 илјади евра.
- Не мислам дека е тоа многу, изјави градоначалникот на Белград Синиша Мали.
Тој верува дека градот ќе добие најмалку 25 милиони евра приход.
За илустрација, цената на дочекот чини повеќе отколку фестивалите БИТЕФ, ФЕСТ, БЕЛЕФ, БЕМУС, Октомвриски салон, Џез фестивал и Радост на Европа - заедно.
Противници на идејата не се изведувачите, кои ќе заработат од „Белградската зима“.
Ангажманот на Аца Лукакас ќе биде платен 50.000 евра, Рибља Чорба 36 илјади евра, Жељко Самарџиќ 25 илјади евра, Ван Гог - 17.700 евра, Ортодокс Келтс и Ничим изазван 8.400 евра и настапот на Зана ќе ги чини Белграѓани 7.500 евра.
Мали во аргументирањето за износот на манифестацијата истакна дека во Белград во овој период од годината се очекуваат многу странски туристи, посебно од регионот.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
