Белград повикува на осуда на агресивната реторика во регионот

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ и директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ денеска на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Белград им предадоа „нон пејпер“ документ во кој се бара од меѓународната заедница да ја „осуди агресивната реторика која без сомнеж го втурнува регионот на Западен Балкан во нови судири и поделби“.
Во документот „со загриженост се предупредува дека јавниот дискурс кој повикува на насилство во услови на отсуство на суштински дијалог меѓу Белград и Приштина и нестабилност во Македонија, претставува сериозна и отворена закана за мирот во Југоисточна Европа“.
Српската Влада во документот повикува на „неодложно продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите под покровителство на ЕУ“.
- Србија инсистира на изнаоѓање избалансирано и мирно решение за кризата во Македонија, како и на безусловно почитување на меѓународните норми во однос на почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на меѓународно признатите држави и на отфрлање на насилството како средство за оставрување на политичките цели, се посочува во документот.
Во „нон пејперот“ се наведува дека и покрај воздржаните реакции на српската Влада, албанските лидери во Албанија, Косово и југот на Србија „на координиран начин и со несмален интензитет продолжуваат со неодговорните и провокативни изјави и агресивната реторика, со цел постепено легитимирање на идејата за промена на меѓународно признатите граници на Балканот и промоција на воспоставувањето на т.н. Голема Албанија“.
Ново на Сител
-

ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
-

Приведен 43 годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
