Фудбал
20. September 2017 - 19:33

Белград по урнек на Скопје ќе гради Национален стадион

Градоначалникот на Балград, Синиша Мали најави дека во втората половина на 2018 година ќе се гади национален стадион. 
 
Градоначалникот Мали, заедно со претседателот на Собранието на Белград, Никол Никодијевиќ и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кнез, имале средба со претставниците на проектантската куќа „Фенцик Ирибарен Архитектс„  која ќе ја прави изработката за изградба на Националниот стадион. 
 
„Ова е прв состанок на кој се презентирани неколку можни локации за изградба на новиот национален стадион, кој го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. По одобувањето на локацијата, веднаш ќе се мина на фазата на проектирање, а во втората половина на следната година ќе започне и изградбата“, изјави Мали.
 
Идејата очигледно потекнува од успешната организација на УЕФА Супер купот кој летово се одржа во Скопје, на Националната арена „Вилип Втори“, по што беа бројни и реакциите на граѓаните на нашите северни соседи, но и земјите од поширокиот регион, кои од нивните политичари побараа да се земе пример на големиот промотивен и финансиски успех кој Скопје и Македонија го имаа со организацијата на Супер купот 2017. 
 
„Со оглед на тоа дека е предвидено новиот стадион да има капацитет за 60.000 гледачи, што е сериозна бројка, ќе можеме да организираме и финални натпревраи во Лигата на шампиони, Лига Европа. Тоа всушно е и наша цел, Белград да добие модерен стадион по критериумите на УЕФА, за еден ден да бидеме домаќини на големо финале, како што тоа беше случај годинава во Скопје, каде се играше Супер купот, а во кој играа двата најдобри светски клуба Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед“, заклучи белградскиот градоначалник Синиша Мали.