Белград негира дека не и дозволил влез во Србија на косовската шефица на дипломатијата
Српската владина Канцеларија за Косово и Метохија соопшти дека се неточни наводите на претставниците на Приштина дека Белград не и дозволил посета на косовската шефица на дипломатијата, Доника Грвала на Бујановац и Прешево, јави дописникот на МИА од Белград.
Во соопштението се потсетува дека, според договорот за официјални посети, секоја посета меѓу функционери на Белград и Приштина се смета за одобрена доколку експлицитно не е забранета со допис, со што барањето на Доника Грвала е третирано позитивно.
Се додава дека „офицерот за врска кој го претставува Белград денеска и усно му пренел на приштинскиот офицер за врски во Белград дека е одобрена посетата на Грвала во централна Србија и дека може да ги посети споменатите општини согласно важечкиот договор и без статусни знаци“.
За тоа, како што се посочува, сведочи и мејлот со кој приштинскиот офицер за врска денеска му се заблагодарува на белградскиот офицер за врска по повод одобрувањето на посетата.
-Белград е тој кој доследно ги почитува договорите и се залага за нормализација на односите и неточните наводи од Приштина тоа не може да го поништат, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск