Белград: Киропрактичар му го скршил ‘рбетот на пациент кој починал по три месеци во кома
Високото јавно обвинителство во Белград денеска било известено дека на 24 март годинава со возило на брзата помош во Институтот за ортопедија во Бањица од приватната клиника „Баланс медика“ во Белград бил пренесен мажот М.Ѓ. (58), дознава српски Блиц.
М.Ѓ. бил третиран од киропрактичар во приватна клиника поради повреда на вратниот пршлен. За време на третманот, тој се вкочанил и повеќе не можел да се движи. На Институтот му била констатирана скршеница на првиот вратен пршлен, поради што останал неподвижен и веднаш бил ставен во индуцирана кома.
Пациентот починал во саботата на 9 јули во Институтот за ортопедија, а за целиот настан денеска е известено Високото јавно обвинителство во Белград, по што наложило да се изврши обдукција. За евентуалното извршување на кривично дело ќе одговара основното јавно обвинителство.
Киропрактиката, која станува сѐ попопуларна и во земјите од Балканот, е форма на алтернативна медицина не е научно поддржана медицинска дисциплина.
Ново на Сител
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда