Белград, Истанбул, Париз и Рим - најактуелни дестинации за дочек на Нова година
Белград е најактуелен кај младите за дочек на Нова година, а од понудите со вклучен авионски билет најбарани се оние за Париз и Рим, додека од аранжманите со автобуски превоз најпродавани се оние за Истанбул и Италија.
Агенциите што ги контактираше МИА велат дека и покрај поскапувањето на цените на понудите за патување во однос на лани, од околу 10 отсто, сепак има голема заинтересираност.
Од пакет – ангажманите со автобуски превоз најголема заинтересираност има за Истанбул, како и за понудите за Италија, а продавани се и аранжманите за градовите каде што се актуелни Божиќните маркети, како што се Букурешт, Виена и Будимпешта.
Новогодишните ангажмани, како што посочуваат туристичките агенции во изјава за МИА, не го вклучуваат дочекот на Новата година во цената, односно тој се доплаќа и е различен во однос на дестинацијата.
Агенциите најчесто нудат дочек на Нова година на плоштадите во големите градови, додека пак за Белград и за Истанбул имаат понуди за забави, а за Истанбул има и понуда за дочек на брод со вклучени храна и пијалоци.
Оние што планираат да останат во земјава, имаат можност за дневни забави кои се поактуелни, додека за дочекот на Нова година во рестораните и кафулиња, во зависност од понудата, цените по лице се движат од 2.
000 денари нагоре, а има и такви чии понуди се повисоки и од 6. 000 денари.
Ново на Сител
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи