Белгиските власти воведоа дополнителни мерки за безбедност околу празниците
Белгиските власти соопштија дека ќе преземат дополнителни безбедносни мерки околу престојните празници.
Влезовите нан божиќните базари дополнително се проверени по нападот во Берлин, во понеделникот. Пристапите до базарите се обезбедните со препреки за возилата. На влезовите на пешачките зони се поставени вреќи со песок и бетонски блокови, а организацијата на движењето предвивува часови, во кои пристап до базарите нема да имат ниту лесните возила.
Властите нагласуваат дека тие мерки се преземени уште не почетокот на месецот поради искуството со нападот во Ница ова лето. Тие нагласија дека до повеќето базари и пешачки зони се стигнува преку тесни улици, кои не дозволуваат движење на тешки товарни возила или не дозволуваат развивање висока брзина.
Досега божиќните базари во Брисел се посетени од половина милион туристи. Во декември 2014 година бројот на посетителите бил 1,5 милиони, а лани околу еден милион поради.
Локалните медиуми јавуваат дека секој четврти посетител на божиќните базари е странец. Една четвртина од гостите се од други градови на Белгија.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија