Белгискиот сенатор Ванлуве порача дека лабавото владеење на социјалдемократите во Брисел довело до создавање на исламо-социјализам
Дваесет години од лабавото владеење на социјалдемократите и воведувањето на исламо-социјализам не донесоа овде каде што сме, а тоа е Брисел да биде база за исламско варварство.
Ова го порача белгискиот сенатор Карл Ванлуве од редовите на фламанската националистичка партија „Н-ВА” во интервју за дневниот весник „Ле соар“, откако европската и белгиска престолнина веќе четврти ден е воено-полициски окупирана, со највисок (четврти) степен на закана од тероризам, а по терористичкиот напад во Париз на 13 ноември, каде се покажа дека речиси сите од извршителите биле лица со белгиско државјанство, жители на бриселската општина Моленбек-Сен Жан.
Според овој фламански политичар, бриселските социјалдемократи, преку „екстремната толеранција“ создале во главниот град на Кралството Белгија еден вид на „почва за нетолеранција кон западното општество”.
- Регионот на Брисел не може и не сака да се справи со вистинските проблеми. На регионот му се потребни промени, политичката култура и структурите да се справат со радикализмот и несигурноста, порача сенаторот Ванлуве.
Според весникот „Ле Соар“, фламанската националистичка партија “Н-ВА”, која е најсилен партнер во Владата на Белгија составена од четири политички сили, ја повлекува т.н. „бела карта“ за кревкото, но реално национално единство што досега постоеше во сенаторскиот Дом.
Ново на Сител
-
Завршува младинската олимпијада во Скопје
-
Крушево домаќин на Светскиот куп во дисциплината прелети, присутни се најдобрите пилоти од цел свет
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари