Белгискиот парламент ќе почне дебата за задолжителна вакцина против Ковид-19
Белгискиот федерален парламент најави дека се подготвува да почне сериозна дебата за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, во контекст на експлозија на нови случаи поради омикрон варијантата, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Пратениците од комисијата за здравство во наредните денови ќе сослушаат низа експерти и релевантни чинители во оваа дебата, вклучително и актери од граѓанскиот сектор.
Не е познат точниот датум на почетокот на оваа дебата, но се очекува во текот на идната недела. Задолжителната вакцинација е извор на бројни тензии и несогласувања помеѓу политичарите во Белгија, до поларизација во самите политички партии кои не успеваат да донесат заеднички став на оваа тема: некои предлагаат задолжителна вакцинација за целото население, некои само за возрасното, трети пак за лицата над 50 годишна возраст, и низа пратеници целосно се противат на задолжителна вакцинација за Ковид-19.
Претседателката на долниот дом, Елиан Тилие, за медиумите изјави дека дебатите ќе траат до крајот на февруари од прилика по што би требало да биде појасно кон каков заклучок ќе се движи парламентот и дали има консензус на ниво на комисијата за здравство.
Комисијата ќе објави извештај со своите заклучоци или препораки и потоа се очекува да се одржи вонредна пленарна седница посветена на оваа тема.
Во меѓувреме Белгија се соочува со експлозија на нови случаи на омикрон, иако товарот не ја засега интензивната нега која за сега има широк маневарски простор. Но, здравствените работници се посебно погодени од новиот бран и отсуствата од работа се множат, до степен што државата одлучи да испрати војници со здравствена обука во пензионерските домови за да го олесни притисокот врз болните работници.
Ново на Сител
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела