Белгиски воен пилот паднал од хеликоптер со кој управувал

Пилот на белгиското воено воздухопловство го загуби животот откако паднал од хеликоптерот со кој управувал, јавија медиумите во Брисел.
Инцидентот се случил на аер-митинг во близината на градот Лиеж, во источниот дел од Белгија.
Од хеликоптер од типот „Огаста - А 109“ требало да скокнат тројца војници со падобрани. Во моментот додека копилотот им помагал на војниците, забележиле дека пилотското седиште е празно, а дека вратата на хеликоптерот од пилотската страна е отворена.
Копилотот веднаш ја презел командата врз леталото и безбедно го спуштил хеликоптерот на земјата.
Пилотот чиј идентитет не се открива, паднал од височина од неколку стотина метри. Тој и копилотот на себе немале падобрани.
Армијата покрена истрага за инцидентот, во обид да се утврди која е причината за еден ваков необичен случај кога станува збор за армиски сили и организира потрага по телото на паднатиот пилот.
Хеликоптерите „Огаста“ ги користат армиските сили во многу земји, а се користат и за полициски потреби.
Ново на Сител
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
