Бизнис
26. January 2016 - 19:46

Белгиски Ван Хул потпиша договор за проширување на производствените капацитети

Речиси двојно поголем производен капацитет ќе има фабриката на Ван Хул во Македонија на финишот од новата инвеситиција за која денес потпиша договор со дирекцијата на зоните.

За четири години белгисиката компанија планира да инвестира 15 милиони евра со кои бројотна производни линии ќе се дуплира од четири на осум, односно од 500 на 900 автобуси годишно.

Во фабриката во претстојниот период ќе се прошири од 32 на 78 илјади квадратни метри со што ќе биде најголем индустриски капацитет во земјата. Бројот на вработени од 800 ќе се зголеми на 1250.

Покрај задржувањето на првата позиција на американскиот пазар, автобусите производени во Македонија ќе се извезуваат и во нови европски земји, а денес беше најавен и извоз во Израел.

Покрај директните вработувања проширувањето на инвестицијата ќе значи и поголем ангажман за домашните добавувачи кои сега достигаат 150 кооперанти на фабриката.

Ван Хул има 4650 вработени низ светот, а најголемите фабрики на компанијата се во Македонија и Белгија. Некои од купувачите на автобусите произведени тука се Фејбсук, Гугл и Дизни.