Белгиски карневал отстранет од листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство
УНЕСКО го отстрани од листата на нематеријално културно наследство белгискиот традиционален фестивал Алст поради расизам и антисемитизам. Тоа е првпат УНЕСКО да отстрани нешто од својата листа.
На овогодинешниот фестивал се појавија кукли во натприродна големина, кое седат на вреќи пари, со криви носеви и традиционални зулуфи, што е стереотипен приказ на ортодоксните Евреи.
Во 2010 година УНЕСКО го стави уличниот карневал во белгискиот град Алст на листата на нематеријалнокултурно наследство. Но, Комисијата на УНЕСКО во колумбискиот град Богота одлучи да го укине статусот бидејќи „во изминатите години секогаш во карневалската поворка учествувале возила со расистички и антисемитистички мотиви“. Според Комисијата, тоа, „не е во согласност ниту со основните принципи за одржување на нематеријално културно богатство, ни пак со вредностите содржани во Повелбата“. Организацијата на ОН за култура останува на своите принципи за достоинство, рамноправност и меѓусебно почитување и ги осудува сите форми на расизам, антисемитизам и ксенофобија, се вели натаму.
Светскиот еврејски конгрес ја поздрави одлуката на УНЕСКО. – За ваков вид на симболизам, исполнет со омраза, нема место во 21 век, изјави претседателот на Конгресот Роналд С. Лаудер.
Белгискиот град Алст, по критиките во јавноста, самиот побара неговиот карневал да биде избришан од листата на Светско културно наследство на УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Британски научници тврдат дека Аспиринот го спречува ширењето на ракот
-
Продолжува судењето за „Адитив“ за злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра
-
Фицо: Европската Унија се однесува како навредено дете, Словачка ќе биде дел од новиот светски поредок
-
И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
-
Проширувањето во фокус на средбата на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство
-
Два активни пожара, три ставени под контрола
-
Путин ги пофали „невидените“ врски со Кина на почетокот на разговорите со Си
-
Над илјада загинати по катастрофалниот земјотрес во Авганистан