Белгија ќе ѝ додели нова воена помош на Украина

Белгија ќе додели дополнителни 12 милиони евра воена помош за Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го најави белгиската министерка за одбрана, Лудивин Дедондер, во интервју за белгискиот весник „Ехо“.
Белгија веќе испрати воена опрема во износ од 45 милиони евра во Украина од почетокот на руската инвазија. Министерката најави дека овој пат ќе се испорачаат тешки митралези и муниција во износ од 12 милиони евра, како и летачка опрема за зимата, а идната година Белгија ќе испрати и амбуланти и медицински камиони.
Белгија е исто така дел од мисијата за воена обука на Европската Унија, и е подготвена да помогне во овој дел со своето знаење, меѓу другото за снајперисти. – Нови трупи од Белгија треба да пристигнат и во базите на НАТО во Романија на средината на 2023 година, истакна Дедондер. Белгија се подготвува да распореди и шест Ф-16 во Естонија. За ова министерката треба да добие дозвола од Парламентот.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
