Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
Американскиот претседател Доналд Трамп „целосно ги поддржува Израел и израелската војска и акциите преземени во последните денови во Појасот Газа“, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.
- Американскиот претседател јасно му стави до знаење на палестинското движење Хамас дека ќе живеат во пекол ако не ги ослободат сите заложници, а Хамас за жал избра да игра медиумска игра со човечки животи, рече таа.
Портпаролката на Белата куќа додаде дека Хамас „целосно е виновен за оваа ситуација поради неговиот насилен напад врз Израел на 7 октомври 2023 година“.
Палестинското исламистичко движење соопшти дека денеска истрелало ракети кон Тел Авив, што е прв одговор по обновувањето на израелските воздушни и копнени операции во понеделникот вечерта.
Според Цивилната одбрана на Газа, најмалку 504 лица, меѓу кои повеќе од 190 малолетни, се убиени од обновувањето на израелските напади.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев