Белата куќа не го исклучи Џеф Сешнс од истрагата
Белата куќа не донесе одлука за евентуалното исклучување на американскиот државен обвинител Џеф Сешнс од истрагата на Министерството за правда за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори минатата година.
Заменик-секретарот за медиуми на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс изјави вчера дека истрагата за можното хакирање на демократите од страна на Русија мора да има свој правец, пред Сешнс да одлучи „да се тргне настрана“.
Сешнс инаку беше еден од главните советници на Трамп во текот на кампањата за претседателските избори.
Претседателот на САД Доналд Трамп ги отфрли контроверзите за врските меѓу неговите соработници и Русија, оценувајќи дека се „лукаво осмислени од страна на непријателски настроените медуми“.
- Тоа се лажни вести, кои ги пласираа демократите со помош на медиумите, за да го скријат големиот изборен пораз и илеганото истекување информации, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Ново на Сител
-
Промени и иновации за подобар регионален развој
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие