Белата куќа го осуди нападот во Истанбул
Белата куќа остро го осуди нападот во Истанбул и повторно ја потврди поддршката за Турција во борбата против тероризмот.
Претседателот на САД во заминување Барак Обама изрази сочувство за загубата на невини човечки животи и му нареди на својот тим да им пружи помош на турските власти доколку имаат потреба од тоа, изјави портпаролот Ерик Шулц.
Претседателот, кој е на одмор на Хаваите, бил информиран од советниците за национална безбедност за нападот во Истанбул, во кој загинаа 39 лица.
- Нашите мисли се со жртвите и нивните блиски. Продолжуваме да работиме за спречување на оваа трагедија, напиша на Твитер високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
Сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на семејствата на загинатите им изрази и азербејџансиот претседател Илхам Алиев.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел