Бела куќа: Трговските преговори меѓу САД и Кина беа конструктивни
САД и Кина денеска во Шангај одржаа конструктивни трговски преговори, соопшти Белата куќа.
Новата рунда преговори е одржана откако американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Пекинг дека се обидува да го пролонгира решениот во трговскиот спор меѓу САД и Кина, во надеж дека тој ќе изгуби на претседателските избори во ноември 2020 година.
Средбата на двете делегации заврши 40 минути порано од превдиденото, по што американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер и министерот за финансии Стивен Мнучин заминаа на аеродром.
Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам подоцна изјави дека „состаноците биле конструктивни“ и оти се очекува преговорите да продолжат во Вашингтон во септември, иако точни датуми не се соопштени.
Тоа се првите тет-а-тет разговори од примирјето во трговската војна меѓу двете најголеми светски економии, кое претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг го договорија на средбата на Форумот на Г20 во Осака минатиот месец.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости