Бела куќа: Трансфер на балистички ракети од Иран во Русија би значел ескалација во Украина

Трансфер на балистички ракети од Иран во Русија би значел остра ескалација на војната во Украина, соопшти Белата куќа, по извештаите дека двете земји ги продлабочиле врските во последните недели со трансфер на оружје.
– Од почетокот на руската инвазија на Украина предупредуваме за продлабочување на безбедносното партнерство меѓу Русија и Иран и вознемирени сме од овие извештаи. Секој трансфер на ирански балистички ракети во Русија ќе претставува драматична ескалација на поддршката на Иран за руската агресорска војна против Украина, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Шон Савет.
Друг американски функционер изјавил дека САД внимателно ги следат потенцијалните ракетни трансфери од Иран кон Русија.
Светските агенции во август јавија дека Русија очекува брза испорака на стотици балистички ракети Фатх-360 од Иран и оти десетици руски војници се обучуваат во Иран за оружје со сателитско наведување за евентуална употреба во војната во Украина.
Иран неодамна и достави на Русија ракети со краток дострел, јави вчера Вол Стрит Џурнал, цитирајќи неименуван американски функционер.
Иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк вчера соопшти дека ставот на Техеран за украинскиот конфликт не е променет.
– Иран смета дека давањето воена помош на страните вклучени во конфликтот – што доведува до зголемување на човечки жртви, уништување на инфраструктурата и оддалеченост од преговорите за прекин на огнот – е нехумано, се вели во соопштението.
Мисијата нагласи дека Иран се воздржува од такви акции и ги повикува другите земји да престанат да ги вооружуваат Русија и Украина.
Ново на Сител
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-

Мицкоски: Дипломатската нота за патувањето на моето семејство ги радикализира односите со Софија
-

Пазарна ќе ги споредува цените во целиот синџир на снабдување за да утврди од каде доаѓа поскапувањето
-

Судот во Стразбур: Државата имала право да ги поништи аболициите на Иванов
-

Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
-

Јаневска: Секој ученик ќе добие учебник навреме, патуваат книги и за дијаспората
-

Поради недостиг на кадар времено затворен одделот за имунологија на Детска клиника
