Бела куќа: Трамп подготвен повторно да воведе блокада на Владата
Претседателот на САД, Доналд Трамп е подготвен повторно да воведе блокада на Владата или да прогласи вонредна состојба доколку Конгресот не одобри пари за изградба на ѕид на границата со Мексико, соопшти Белата куќа.
Претставникот на Белата куќа, Мик Малвени изјави за телевизијата Си-Би-Ес дека Трамп не сака сојузните агенции повторно да бидат затворени, ниту, пак, да прогласи вонредна состојба, но дека е подготвен и за едното и за другото, доколку биде неопходно.
– Имајте на ум дека е подготвен да направи се што е потребно за да ја обезбеди границата, рече Малвени.
Тој наведе дека целта на Трамп е да соработува со Конгресот, во чиј Долен дом демократите имаат мнозинство.
Судирот на Трамп и демократите во Конгресот не е завршен, а законот што претседателот на САД го потпиша во петокот овозможува финансирање на сојузните агенции до 15 февруари.
Ново на Сител
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
