Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава
Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно неделава ќе има телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, пренесе ДПА.
Ливит не даде дополнителни детали и немаше непосредна потврда од Пекинг.
Доколку разговорот се одржи, додава ДПА, се очекува лидерите да се фокусираат на актуелниот трговски спор меѓу двете земји. Иако САД и Кина се согласија кон средината на мај да ги ублажат дел од нивните царини, тензиите меѓу двете економски суперсили неодамна повторно се разгореа.
Во меѓувреме, американскиот Сенат работи на нови санкции против Русија. Републиканскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека мерките ќе бидат насочени кон земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта, гас и други енергетски резерви – потег што би можел силно да влијае на Кина, пренесува германската агенција.
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек