Свет
9. July 2024 - 8:10

Бела куќа: Се уште има разлики во позициите на Израел и Хамас за договорот за прекин на огнот

Високи претставници на САД се во Каиро заради преговори за постигнување на договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, но се уште има разлики меѓу двете страни, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Кирби изјави дека директорот на ЦИА Бил Бернс и пратеникот на САД за Блискиот Исток Брет Мекгурк се во Египет, каде вчера се сретнале со своите египетски, израелски и јордански колеги.

Тој додаде дека во следните неколку денови ќе имаат понатамошни дискусии. – Работиме на ова прашање многу напорно.

И се уште има некои разлики во позициите на двете страни, но немаше да испратиме тим таму ако не мислевме дека имаме шанса, рече Кирби.

– Се обидуваме да ги надминеме овие разлики на најдобар можен начин, додаде тој.

Кирби повторно ја истакна позицијата на Вашингтон дека Израел треба да направи повеќе за заштита на цивилното население.