Бела куќа: Не е момент за средба меѓу Бајден и Путин
Во моментов нема планови за средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, истакнувајќи дека „сега не е време за тоа“.
– Не планираме нивна средба, ниту телефонски повик. Претседателот Бајден беше многу јасен за тоа. Но, ние ги имаме тие разговори интерно и мериме голем број фактори, истакна Псаки за Си-Ен-Ен.
– Во овој момент тие вршат инвазија на суверена земја и продолжуваат да ескалираат секој ден. Никогаш нема да ја повлечеме дипломатијата од маса, но сега не е време за тоа, нагласи претставничката на Белата куќа.
Таа додаде дека американската администрација „нема проценка“ дали се приближува до забраната за увоз од Русија.
Псаки, исто така, изјави дека тоа е политички процес, додавајќи дека „понекогаш тие потези се движат брзо и често постојат голем број фактори за кои се разговара кога се носат такви одлуки“.
Портпаролката не сакаше директно да одговори дали Бајден верува оти Русија на крајот ќе го окупира Киев, наведувајќи „дека нивните аспирации продолжуваат“, наведува Си-Ен-Ен.
Ново на Сител
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија
-
Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме цела македонска полиција
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор