Свет
1. April 2017 - 8:37

Бела куќа: Иднината на Асад зависи од самите Сиријци

Белата куќа соопшти дека САД мораат да ја прифатат политичката реалност дека иднината на претседателот на Сирија, Башар ел-Асад, зависи од сирискиот народ и дека фокусот на Америка во регионот мора да биде насочен кон поразувањето на Исламска држава.

-Што се однесува до Асад, постои политичка реалност која мораме да ја прифатиме каква што е во мометов. Со минатата администрација ни се протнаа многу можности кога е во прашање Асад, рече на прес конференција портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Спајсер истакна дека САД мораат да се фокусираат на тоа да ја поразат Исламска држава, пренесоа британските медиуми.

-САД имаат важни приоритети во Сирија и Ирак и јасно ставивме до знаење дека борбата против тероризмот, посебно против Исламска држава, е во врвот на тие приоритети, рече Спајсер.