Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД

Создавањето на американско-украински инвестиционен фонд за обнова е потег кој го отвора патот за економско закрепнување на Украина и долгорочни бенефити за двете земји, соопшти Белата куќа.
„Фондот ќе прима 50 отсто од авторски надоместоци, лиценци и други плаќања од проекти за експлоатација на природни ресурси во Украина. Овие средства ќе се вложуваат во нови проекти кои ќе генерираат економски раст, нови работни места и клучни развојни цели“, се наведува во соопштението.
Белата куќа потенцира дека ниту една држава, компанија или поединец што финансирал руската воена машинерија нема да може да учествува во проектите финансирани од Фондот.
Фондот ќе биде управуван од шестчлен одбор, со по три членови од САД и од Украина. Министерството за финансии и Американската интернационална корпорација за развој ќе соработуваат со украинската Влада за управување со партнерството.
Проектите ќе вклучуваат експлоатација на минерали, јаглеводороди и инфраструктура. Доколку САД решат директно да стекнат ресурси, ќе имаат право на прв избор или определување на купувач.
Ново на Сител
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
