Бела куќа: Болниците и пациентите во Газа мора да бидат заштитени
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека „болниците и пациентите мора да бидат заштитени“ како одговор на прашањето за операцијата на Израел во болницата „Ал Шифа“ во Газа.
„Нема да коментираме детално за тековната израелска воена операција.
Како што веќе рековме, не поддржуваме воздушни напади врз болница и не сакаме да видиме пукање во болница каде што се невини, болни луѓе кои бараат помош и се фатени во вкрстен оган.
Болниците и пациентите мора да бидат заштитени“, се вели во кусото соопштение.
Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „детално разговараа за тековните напори за ослободување на заложниците што ги држи Хамас за време на телефонскиот разговор вчера попладне“, соопшти Белата куќа.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар