Бектеши за „Огнените“: ДУИ е демократска партија
ДУИ е демократска партија која одлучува со мнозинство, и секоја политичка партија која се кажува како демократска, значи треба на таков начин да работи, а мнозинството и одлуките на мнозинството ги пренесе претседателот и портпаролот на партијата господинот Османи, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, на прашањето поврзано со последната изјава на „Огнената група“ дека не се повлекуваат од намерата да делуваат како фракција.
Со оглед на тоа дека станува збор за внатрепартиски проблеми, министерот Бектеши не навлезе во повеќе детали, но појасни дека со одлука на претседателството на партијата може секој член на претседателството да одговори на такви прашања.
„Огнената група“ од Демократската унија за интеграција претходно на прес-конференција информира дека од денеска и официјално ќе настапува како фракција на партијата.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?