Бизнис
14. November 2023 - 9:55

Бектеши: Од март 2024 минималната плата 22.500 денари

Министерот за економија, Крешник Бектеши сподели со јавноста дека од следната година минималната плата во земјава ќе изнесува 22.500 денари.

-Најниска плата во државата од март 2024 година минимум 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата за 2017 година, објави Бектеши на социјалните мрежи.