Бектеши: Од 1 јануари ќе имаме снабдување со природен гас за граѓаните, индустријата и институциите
На јавниот повик на ЕСМ досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Преку транспарентна постапка, посочи Бектеши, кој ќе има подобра понуда, кој ќе ги има обезбедено количините, секако дека тој ќе победи на јавниот повик.
– Најважно од се е граѓаните и индустријата да бидат во континуитет снабдувани со природен гас, вклучително и работата на топланите, изјави Бектеши.
Од 1 јануари, нагласи Бектеши, ќе имаме снабдување со природен гас за граѓаните, индустријата и институциите.
– Нашите компании се повикани да конкурираат на јавните повици, кои се транспарентни и отворени. Не можеме да продолжиме 30 години да имаме само еден снабдувач. Уценување нема, има само диверзификација и реализација на определбите како држава во делот на пазарна економија, изјави Бектеши.
Одговарајќи на новинарски прашања за закупот на капацитетите на интерконекторот во Бугарија, Бектеши рече дека како Министерство немаат намера да се мешаат на тоа какви одлуки се носат во другите држави за закуп на капацитети, нагласувајќи дека интерес на Министерството е диверзификација во делот на снабдување со природен гас.
– Тоа е пазарна економија. Кој ќе даде подобра понуда, тој ќе биде снабдувач и на топланите и на индустријата. Сабајлево имавме консултативен состанок со ЕСМ, НЕР и РКЕ, изјави Бектеши.
Прашан за дефектот во РЕК „Осломеј“ и дали настанот е поврзан со увезениот јаглен, Бектеши рече дека во РЕК „Осломеј“ и во РЕК „Битола“ се увезува јаглен согласно квалитетот кој е побаран во јавниот повик на ЕСМ.
Ново на Сител
-

Прегледани 73 пациенти во јавните здравствени установи во Гостивар
-

Зоран Герасимовски избран за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, Ндерим Полиси на Основниот суд Струга
-

Вознемирувачки случај во Пробиштип: 74-годишник се самозадоволувал пред малолетно девојче
-

Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
-

На Македонци додека ручале во Грција им провалиле во автомобилот – останале без пасоши, пари и документи
-

Меси се врати во Интер Мајами по Светското првенство 2026
-

Пакистан: Во тек се преговори меѓу САД и Иран за намалување на тензиите во Ормуската Теснина
-

Четворица починати од вирусот на Западен Нил во Грција
