Бектеши: Не знам какви санкции би можела Русија да и воведе на Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши во гостувањето во Тема на денот на Сител ТВ рече дека не знае какви санкции Русија би можела да ѝ воведе на Македонија откако нашата држава го следеше примерот на Европската унија и воведе санкции кон Руската Федерација по Путиновата инвазија на Украина.
-Да бидам искрен, не би знаел да кажам. Иако би можел да имам одредени информации кои се доверливи и слично. Но, тие не се за јавност. Ние кажавме, и другите колеги кажуваат дека влијанието во делот на трговската размена, вкупната што ја имаме е некаде 1,5 отсто со Русија. Истата е и со Украина што би не требало да влијае директно во делот на трговската размена во извозот и во делот на увозот, рече Бектеши.
Сепак, вели дека воениот конфликт би можел директно да влијае кај цената на електричната енергија и гасот на европските берзи.
-Тоа ќе влијае индиректно во нашето стопанство, но секако ќе влијае во делот на зголемување на тие одредени производи. Иако, кај нас за домаќинствата и за малите потрошувачи до први јули нема да има зголемување на цената на електричната енергија. Колку и да се зголеми цената на берзите, кај нас два пати годишно се утврдува цената за електрична енергија која ја утврдивме кон крајот на декември преку РКЕ. Може да има влијае во делот на железото бидејќи денешните податоци кажуваат дека заради инвазијата на Русија врз Украина се зголемува на берзата цената на железото, бидејќи се големи производители на железо, вели Бектеши, додавајќи дека тоа би можело да има влијание врз цените во градежништвото.
Најважно од сѐ, вели Бектеши, основните прехранбени производи и нафтата Македонија има соодветни количини на резерви.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
