-->
-->
Бектеши: Има гориво, народот да не чека во колони на бензинските пумпи
-->

Несфатлива ситуација е ова по некои места. Има гориво, има нафта, бензин. Нема простор за паника. Народот да не чека во колони, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва во Тема на денот на Сител ТВ откако беше објавено дека во некои градови се чекало во колони на бензиските пумпи за да се наточи гориво.
Според министерот, ова е вештачки создадена ситуација.
-Се шири паника и лаги по порталите. Имаме залихи, имаме резерви. Граѓаните да не создаваат кризи и да не веруваат секому, додаде Бектеши.
Бектеши дополни и дека ограничувањата на некои пумпи кои не дозволуваат полнење на канти и туби со гориво, се спротивни на законот, но повтори дека нема потреба од паника и гужви за полнење гориво.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
