Бектеши: Бележиме раст на индустриското производство 7.9 проценти
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2018 година во однос на декември 2017 изнесува 7.9 проценти. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во 2018 година во однос на декември 2017 бележи раст од 4.6 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележиме пораст од 6.1 проценти, додека пак во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20.0 проценти, стои во денешното соопштение од Министерството за економија.
Со овие позитивни податоци, смета министерот за економија Крешник Бектеши, сме поблиску до целта за зголемување на конкурентноста на домашната индустрија, базирана на знаење, иновации и истражувања кои водат кон раст и развој, создавање стимулативна деловна и инвестициска клима и поддршка на претпријатијата за подобрување на нивните конкурентни способности со стекнување знаења, нови технологии и пазари.
– Со имплементацијата на индустриската политика ќе се обезбеди стабилен развој на земјата врз основа на диверзификација и модернизација на економијата со креирање услови за производство на конкурентни производи, зголемување на вработеноста и пораст на извозот, стои во соопштението од Министерството за економија.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај енергија за 23,9 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 4,6 отсто, капитални производи за 2,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,5 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 10,6 отсто.
Ново на Сител
-

Влaдатa нajaви пoeвтинувањe нa дизeлoт за 6,5 денари
-

Аеродромот во Минхен затворен еден час поради пријавени нарушувања од пилоти, за кои имало сомнеж дека се предизвикани од дрон
-

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад
-

MMФ, Светската банка и други институции предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува енергетските резерви
-

Во Конго има 1.028 сомнителни случаи на ебола
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа

