Тенис
1. December 2016 - 8:39

Бекер бара Ѓоковиќ да одлучи помеѓу него и Имас?!

 
 
Борис Бекер му поставил ултиматум на Новак Ѓоковиќ во врска со продолжувањето на соработката помеѓу нив двајца.
 
Бекер и вториот тренер на Ѓоковиќ Марјан Вајда, кој со Србинот работи уште од 2006 година, наводно се согласиле дека Шпанецот Пепе Имас треба да има помала улога во стручниот штаб.
 
Бекер со ова свое барање ја условил соработката со Ѓоковиќ.
 
Изминатите недели многу медиуми шпекулираа дека Ѓоковиќ и Бекер нема да ја продолжат соработката, а тие добија на интензитет на Мастерсот во Париз каде не беа Бекер и Вајда, а стручниот штаб го водеше Имас. Токму во Париз Ѓоковиќ ја загуби првата позиција на АТП листата.