-->
-->
Бекенбауер: Геце под итно мора нешто да смени
-->

Легендата на германскиот фудбал Франц Бекенбауер рече дека Марио Геце под итно мора нешто да промени во својата игра доколку сака да успее во Баерн.
Реакцијата на Бекенбауер следува по јавно искажаните поплаки од Геце дека не добивал полна поддршка во Баерн.
- Не знам дали на Марио му недостасува поддршка во тимот. Тој не можеше да има подобри соиграчи во претходните две сезони. Не знам каков вид на поддршка ќе му треба. Секој играч е одговорен за своите постапки, и тој мора итно да промени нешто во неговата игра ако сака да остане во Баерн, изјави Бекенбауер за германскиот весникот „ТЗ“.
Геце во 2013 година од Борусија Дортмунд премина во Баерн Минхен каде настапи на 92 натпревари и постигна 30 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
