Бејта најави повлекување од политиката на неодредено време
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, по завршувањето на вториот круг од локалните избори најави дека се повлекува од политиката на неопределено време и уште еднаш му ја честита победата на неговиот противкандидат Арбен Таравари.
- Јас сум демократ и ја почитувам волјата на граѓаните. На мојот противкандидат, кој нема програма, му посакувам успешно раководење со општината. Јас се повлекувам од политиката, но ако граѓаните од мене побараат да го дадам својот придонес тоа ќе го направам, рече Бејта на прес-конференцијата која се одржа во зградата на Општина Гостивар.
Тој на новинарско прашање дали ќе прифати функција во извршната власт не даде прецизен одговор - дека ќе прифати ангажман доколку граѓаните тоа од него го побараат.
Бејта ја критикуваше квалификацијата на неговиот противкандидат кој на синоќешната прес-конференција го нарече „мал диктатор“ со зборовите дека тој не е диктатор, бидејќи бил само градоначалник.
Ново на Сител
-
Владата купува овошје и зеленчук за 35.000 евра, Мицкоски ќе го проверува договорот
-
Кочоска: Статистичките податоци доказ дека не сме во стагнација
-
Пратеничките побараа поголеми заложби за родова еднаквост - СДСМ ја бојкотираше седницата
-
Истражување на Реактор: Жените и девојките имаат страв од возење во автобус
-
Генералштабот на АРМ ќе присуствува на состанокот на Макрон во Париз
-
Мицкоски: До стратешката цел со помош на стратешкиот партнер
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче