Бејли: Македонија го прави тоа што секоја држава би го направила како реакција на бегалската криза
Државите на бегалската рута се соочуваат со два различни проблема, одговорноста да се пружи хумана помош на бегалците и легитимната потреба да се обезбеди контрола на границите. Сметам дека Македонија го прави тоа што секоја држава би го направила како реакција на овие работи, изјави денеска амбасадорот на САД Џес Бејли.
На новинарско прашање како би требало Македонија да реагира во однос на најавите за затворање на границите, Бејли рече дека не би сакал да зборува во име на македонската Влада, но дека сите држави се соочуваат со два различни проблеми.
- Знам дека има различни планови кои се разгледуваат во ЕУ. Не сум дел од тие разговори и не би сакал да се мешам во тоа сега, но сметам дека крајната цел е иста, да се обезбедат границите и да се пружи хумана помош на бегалците, рече Бејли.
Американскиот амбасадор Бејли денеска во магацините на Црвениот крст на Град Скопје во Момин Поток присуствуваше на предавање на донација од генератори, зимски шатори, вреќи за спиење, ќебиња и друга опрема во вредност од 300 илјади долари од Министерството за одбрана на САД наменета за транзитните центри за мигранти.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите