Бејли изрази загриженост поради непостигнувањето договор
Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска изрази загриженост поради непостигнувањето договор на ноќешната лидерска средба за преостанатите точки од договорот од Пржино.
- Длабоко сум загрижен поради неможноста на лидерите да постигнат договор. Договорот од Пржино е начин за да се обезбеди отченост и да се подобрат условите за слободни и фер избори и да и се стави крај на политичката криза во Македонија. Потребна е политичка волја за справување со преостанатите прашања, напиша Бејли на својот профил на Твитер.
Бејли заедно со евроамбасадорот Аиво Орав синоќа присуствуваше на лидерската средба во резиденцијата на ЕУ во Скопје на која со посредство на еврокомесарот Хан се водеа разговори во врска со спроведувањето на договорот од Пржино од 15 јули и на која не беше постигнат конечен договор во врска со некои отворени прашања.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски