-->
-->
Бејл го спаси Реал од пораз па доби црвен картон
-->
Во натпревар од 3. коло во Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид избегна пораз на дуелот со Виљареал најмногу по заслуга на Герет Бејл.
Велшанецот не го доврши натпреварот поради црвен картон (втор жолт) во самиот финиш. На средбата одиграна синоќа на „Естадио де ла керамика“ во Виљареал домаќините два пати водеа со головите на Морено во 12.
И Мојсес Гомез во 74. минута. Бејл изедначуваше во 45+1. и 86. минута.
По третата рунда во Примера Реал е на петтото место со пет бода, додека Виљареал е 16-ти со само два од можните девет бода.
Лидер е Атлетико Мадрид со максимални девет бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност