Бегалската криза ја чини Грција над една милијарда евра

До моментов, бегалската криза ја чини Грција над една милијарда евра, изјави министерот за миграциска политика Јоанис Музалас за телевизијата „Мега“, пренесува БТА.
Тој изрази вознемиреност од повиците на некои европски партнери за исклучување на Грција од Шенген зоната.
- Не можам да Ви кажам дали има веројатност од затворање на границите, но нашата Влада треба да дејствува како да има таква веројатност, истакна министерот, признавајќи дека грчката влада задоцнила со исполнувањето на обврските во однос на бегалскиот бран и изградбата на потребните центри за регистрација и идентификација на странците.
Музалас истакна дека не е во ред да се бара од Грција да го намали бегалскиот проток и се повика на оценка на Европската агенција за заштита на границите Фронтекс, според која, Атина добро ја чува својата граница.
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
