Бегалецот Игор Спасов е уапсен во софиската населба Младост по добиена дојава
Поранешниот полицаец Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во поппладневните часови во населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава, јави Бугарското национално радио БНР, пренесува дописникот на МИА од Софија.
-Игор Спасов беше уапсен вчера во главниот град, во областа Младост, каде што се криеше. Според медиумите, тој има 14-годишна затворска казна во Република Македонија за убиство. Спасов живеел во Софија во стан во областа Младост во главниот град. Полицијата добила сигнал дека тој се крие таму. Спасов беше уапсен вчера попладне, стои на веб страницата на БНР за неговото приведување.
Според информациите на Бугарското национално радио, тој не се противел при апсењето,
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски.синоќа за МИА потврди дека биле исвестени од бугарските колеги дека по распишаната меѓународна потерница вчера е приведен Игор Спасов.
Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.
МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето.
Игор Спасов, се бараше со наредба издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РМ за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на МВР.
Ново на Сител
-
Во Лондон евакуација на домаќинства поради радиоактивен отпад пронајден во вреќи
-
Започнаа сослушувањата во Обвинителството на уапсените за трагедијата на железничката станица во Нови Сад
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок на 26 ноември поради рускиот напад со експериментална хиперсонична ракета
-
69 - годишна жена е жртвата во синоќешната собраќајна несреќа во Чаир
-
Затворена американската Амбасада во Лондон поради сомнителен пакет
-
Утре повремен снег претежно во западните делови
-
Голоб: Словенија целосно ќе ги почитува налозите за апсење на МКС
-
Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи