Бизнис
26. September 2022 - 16:39

БЕГ тврди дека нема ниту обврска ниту пари да ги грее скопјани, Владата уверува дека парно ќе има

Ќе останат ли скопјани со ладни радијатори? На само неколку дена пред стартот на грејната сезона, од БЕГ велат дека ниту имаат можност, ниту законска обврска да продолжат со снабдување на топлинска енергија. Веќе немаат право за користење на топланите, кои се во сопственост на АДОРА, договорот за закуп со нив им е раскинат. Согласно Законот за енергетика БЕГ производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител кој заврши минатата недела. Нов вршител на дејноста е државната ЕСМ.

Од Владата велат – граѓаните ќе имаат парно. Согласно законот за енергетика загарнатирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин. Но, во владиното соопштение не се прецизира дали БЕГ или ЕСМ ќе снабдуваат со топлинска енергија. Според нив, Владата презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија. Се финализираат преговорите за регулирано производство. Штом ќе завршат, јавноста ќе биде информирана. 

Од РКЕ велат согласно законот за енергика обврската за вршење јавна дејност производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца. Во случајот нов врштиел на јавна дејност, што значи дека на БЕГ не му престанува обврската за снабдување со топлинска енергија.

Од АДОРА остануваат на истиот став – топланите Исток и Запад нема да ги издаваме под закуп, туку ги продаваме по иста цена по која ги купивме, плус заостанатите долгови. БЕГ со соработка со ЕСМ може бесправно да ги користи, но тоа е повреда на правото на сопственост.

И градоначалничката на Скопје, на својот ФБ профил директно го повика премиерот Ковачевски пот итно да најде решение за граѓаните да не се соочат со ладни радијатори.